Основи на сметководство

Оваа книга е напишана како учебник за учениците од втора година во средните
стручни училишта, економско-правна и трговска струка,сектор Економија,право и
трговија за образовните профили/квалификации Економски техничар и бизнис
администратор, според усвоената наставна програма Основи на сметководство
модуларно дизајнирана за II (Втора) година во средно стручно образование со
четиригодишно траење.
Учебникот Основи на сметководството за II година е наменет за изучување
на сметководството како научна дисциплина. Сметководството е систем за
инфoрмирање, којшто ги мери бизнис активностите, ги процесира информациите во
извештаи и ги известува оние кои донесуваат одлуки. Поради тоа, сметководството е
наречено „јазик на бизнисот“. Колку повеќе се разбира овој јазик толку подобро може
да се управува со финансиските аспекти на работењето, но исто така, ќе бидат
поквалитетни и донесените одлуки.
Учениците преку содржината на овој учебник треба да се стекнат со знаења и
способности во врска со значењето на евиденцијата кај деловните субјекти како
основа за донесување одлуки, познавање и примена на основните принципи, постапки
и стандарди во сметководствената наука и практика, одделните документи,
разбирање на сметководствените настани во врска со средствата, обврските и
капиталот, расходите и приходите и нивно евидентирање во сметководствените
книги, изготвување финансиски извештаи, следење на законската регулатива,
користење на компјутерите, како и да развиваат навика за уредно, брзо и точно
извршување на работата.
Книгата е наменета за учениците од средните економски училишта, а може
корисно да послу

Scroll to Top